Македонија
6. December 2022 - 11:31

Приведено лице од Гостиварско, затекнато при бесправна сеча на дрва

 Во шума во атар на гостиварско Врањовце, вчера во 15.20 часот  полициски службеници од Полициското одделение – Галате го лишиле од слобода лицето И.Р.(41) од село Врањовце.

Околу 15.20 часот на земјен пат на место викано „Црквиште“, информираа денеска од МВР, тој бил затекнат како врши бесправна сеча на дрва. Исто така, биле пронајдени и 18 исечени стебла од дрво, кои биле предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка.

Лицето било задржано во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.