Приведено лице од битолско, кај него пронајдени оружје и муниција
Денеска (12.05.2021) полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, го лишиле од слобода Б.Б.(41) од с.Жабени, битолско. При преглед на патничко возило "ауди", кое го управувал, бил пронајден пиштол "црвена застава" и рамка со 5 куршуми за истиот, а за кои не поседува соодветна дозвола за оружје.
Врз основа на Наредба издадена од судија на претходна постапка од Основен суд Битола извршен е и претрес во неговиот дом, при што е пронајдена автоматска пушка, една рамка и 15 куршуми за кои, исто така, не поседувал дозвола.
Б.Б.е приведен во полициска станица, а за случајот е известен Јавен обвинител. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација