Македонија
2. August 2021 - 11:41

Приведено лице кое се обидело да изврши тешка кражба во џамија

На 01.08.2021 полициски службеници од СВР Скопје – Единица за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Центар и Бит Пазар го привеле С.Н. (30) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба во обид“  од помошна просторија во Мустафа-пашината џамија.
По извршениот службен разговорот С.Н. го признал делото и го појаснил начинот на извршување. По комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 вв член 19 од Кривичниот законик.