-->
-->
Приведено едно лице во Струга, запленети пиштол и муниција
-->
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со СВР Охрид – ОВР Струга денеска околу 16 часот на влезот од Струга го лишиле од слобода А.А.(42) од с.Франгово затоа што при извршен претрес, по претходна добиена наредба од Судија на претходна постапка од Основен Суд Струга, во патничкото возило „мерцедес” кое го управувал, бил пронајден пиштол марка „хеклер и кох компакт” и 50 куршуми калибар 9 мм.
За настанот, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, е известен јавен обвинител и по документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесен поднесок по чл.396 од Кривичниот законик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово