Македонија
23. October 2015 - 14:22

Приведено едно лице на граничниот премин Богородица - Еве што се случило

На граничниот премин Богородица, на излез од Македонија, утрово во 03:10 часот од извршената пасошка контрола констатирано е дека Љ.Н.(65) од Скопје, се барал заради издржување казна затвор во траење од три месеци и десет дена за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот“. Лицето е задржано и приведено, и по изготвување на потребната документација утрово во 05:30 часот со Потврда за предавање на лице и предмети  е предадено на ПС од ПС ОН Гевгелија за понатамошна постапка, односно спроведување до Казнено поправната установа Скопје, соопшти МВР. дма/13:39