Приведени тројца вработени во турскиот опозициски весник „Созџу“
По налог на истанбулското Јавно обвинителство денеска се приведени тројца вработени во турскиот опозициски весник „Созџу“, под обвинение за соработка со движењето на исламскиот проповедник Фетулак Ѓулен.
Како што јави телевизијата „Хабер Турк“ приведени се уредникот на интернет изданието на весникот, раководителот на финансиската служба на медиумот и еден дописник.
Обвинителството смета дека приведените во ноќта на 15 јули 2016 година, кога беше извршен неуспешниот обид за државен удар, ги известиле пучистите за местото на кое се наоѓа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Приведените се обвинети за „соработка со терористичка организација, за обид за атентат врз претседателот и за државен удар“.
Осомничените лица се наоѓаат на распит во зградата на безбедносната служба во Истанбул, а во нивните домови е извршен претрес, при што според полициски извори, се пронајдени докази за нивна поврзаност со движењето на Ѓулен.
Обвинителството издаде налог и за апсење на сопственикот на весникот Бурак Акбај, кој во моментот се наоѓа надвор од Турција.
Според обвинението, весникот „Созџу“ на 15 јули минатата година на своето интернет издание објавил фотографија од хотелот „Гранд Јазиџи“ во одморалиштето Мармарис, каде што тогаш претстојуваше Ердоган. Обвинителството смета дека со ова весникот им помогнал на пучистите да дознаат каде се наоѓа шефот на државата.
Ново на Сител
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово