Македонија
22. April 2020 - 10:41

Приведени тројца малолетници во Скопје поради поседување на дрога

Вчера во Скопје при извршен претрес полицијата кај тројца малолетни лица пронашла дрога. Во соопштението од МВР стои:

На 21.04.2020 во 16.10 часот за време на ограничено движење, од полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит пазар бил приведен 17-годишен малолетник од Скопје. При извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. 

Исто така на 21.04.2020 во 15.00 часот на бул.„АСНОМ“ биле приведени двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години, двајцата од Скопје, кај кои при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.

По документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.