Македонија
4. March 2021 - 10:31

Приведени тројца дилери додека продавале дрога

Во Градскиот парк во Скопје вчера во 20 часот при продажба на марихуана приведени се три лица, улични дилери.

Како што соопштија од МВР, при извршен претрес кај лицата А.Р.(23), А.О.(21) и 17-годишен малолетник, сите од Скопје, пронајдена е поголема количина на марихуана како и една дробилица.

-По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, се наведува во соопштението на МВР.