Македонија
10. November 2020 - 15:33

Приведени крадци од Скопје

Денеска (10.11.2020) околу 13.00 часот на Средно Водно, полициски службеници од ЕВР Карпош – СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.Д.(33), Ф.Д.(27) и Е.Н.(17), сите од Скопје. Тие биле затекнати при извршување кривично дело „тешка кражба“ во патничко возило „фолксваген поло“ со бугарски национални ознаки. При преглед кај нив биле пронајдени одземените предмети, а исто така кај Д.Д. бил пронајден и блокатор.
 
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.