Македонија
16. September 2019 - 10:35

Приведени две момчиња на Бит Пазар

Вчера рано утрото во 03.30 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар го привеле Б.М.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Ноќеска пак во 01.30 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар го лишиле од слобода А.Ц.(19) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот против двете момчиња ќе биде поднесен соодветен поднесок.