Македонија
29. October 2017 - 23:16

Приведени две лица за поткуп во Чаир

Две лица се приведени во скопската општина Чаир поради сомнение за кривичното дело поткуп при избори и гласање. Станува збор за лица на возраст од 46 и 24 години.

Случајот во полиција бил пријавен околу 16 часот при што било кажано дека на улицата „Максут Садик“ од страна на непознато лице се врши поткуп.