Приведени две лица во Струмица, кривична пријава за продажба на дрога
Секторот за внатрешни работи Струмица денеска до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Р.Р. (30) од охридското село Трпејца и Г.А. (39) од Радовиш поради постоење на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Како што соопшти МВР, на 15 јануари 2024 година во 23.50 часот во дворно место на хотел во Струмица од страна на полициски службеници од СВР Струмица бил извршен преглед над осомничените. Притоа кај Р.Р. биле пронајдени две, а кај Г.А. едно ќесе со кокаин.
Лицата биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш денеска постапувајќи по судска наредба, извршиле претрес во домот во кој престојува Р.Р. во Радовиш, при што била пронајдена дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицата се изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.
Ново на Сител
-
Мареј нов тренер на Ѓоковиќ
-
Ердоган ги поздрави налозите за апсење на Меѓународниот кривичен суд против Нетанјаху и Галант
-
Блатер за ФИФА: Создадов чудовиште
-
Едно лице повредено во престрелка во Арачиново, вмешан и Шенки Версаче
-
Тројца уапсени по расистички навреди кон Ламин Јамал
-
ОЈО Тетово поведе истражна постапка против 51-годишник, поради оружје и муниција
-
Уапсен 65 годишен струмичанец, поради пронајдена дрога
-
Неверојатниот Кејн собори рекорд во Бундеслигата