Македонија
7. January 2021 - 11:51

Приведени двајца скопјани кои ограбиле куќа

Полициски службеници од СВР Скопје вчера ги приведоа А.К. (28) и М.К. (28) од Скопје кои истиот ден во 17.50 часот извршиле тешка кражба во куќа на бул „Партизански одреди“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Веднаш по добиената пријава, како што се посочува, преземени се мерки и активности и сторителите се приведени, а по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена содветна пријава.