Македонија
10. October 2020 - 11:17

Приведени двајца ресенчани заради поседување на прашкаста материја и поголема сума пари

На 09.10.2020 во 14.20 часот на бензиска пумпа на патот Битола-Прилеп, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Р.С.(44) и А.С.(46), двајцата од с.Г. Бела Црква, ресенско, затоа што при преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја и поголема сума на пари.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.