Македонија
29. јуни 2022 - 13:34

Приведени двајца крадци во Штип

Полицијата вчера приведе две лица од Штип поради постоење на основано сомнение дека извршиле кражба.

На улица „Генерал Михајло Апостолски“ и на улица „Широк Дол“ во Штип, вчера полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Д.А.(29) и Е.М.(20), двајцата од Штип. За лицата постои основано сомнение дека извршиле повеќе кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“, предвидени по член 236 и член 235 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.