Македонија
8. January 2022 - 10:41

Приведени двајца крадци од Скопје кои извршиле кражба во аптека

На 07.01.2022 во 09,30 часот на подрачјето на Чаир од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје биле лишени од слобода А.И.(19) и С.А.(42) двајцата од Скопје во врска со извршено кривично дело тешка кражба во аптека лоцирана на ул.“Индира Ганди“ извршена на 11.12.2021, од каде биле одземени пари.

Во службен разговор тие во целост го појасниле начинот на извршување на кривичното дело. По целосното документирање ќе следи соодветен поднесок.