Македонија
28. February 2021 - 13:07

Приведени двајца државјани на Косово на ГП Табановце, приложиле патни исправи на македонски државјани

 На Граничниот премин Табановце вчера во 12.35 часот од слобода биле лишени З.Е.(25) и Х.Д.(27), двајцата од Косово, затоа што на увид и пасошка контрола приложиле туѓи, односно патни исправи на двајца македонски државјани.

– Идентитетот им бил утврден откако бил извршен преглед на нивниот личен личен багаж и биле пронајдени  нивните лични документи. Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, соопштија денеска од МВР.