-->
-->
Приведени двајца дилери од Свети Николе - полицијата кај нив пронашла хероин
-->
На 14.10.2020 на наплатната станица Миладиновци, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР, во соработка и координација со СВР Скопје, ги лишија од слобода И.Е.(38) и Д.М.(37), двајцата од Свети Николе.
При преглед на патничко возило што го управувал И.Е., а сопатник бил Д.М., бил пронајден и одземен хероин.
Тие биле приведени во Полициската станица Гази Баба и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација