Македонија
6. November 2020 - 11:05

Приведени двајца дилери од Гостивар, пронајден хероин

На 05.11.2020 година во 22.40 часот од страна на полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при ОВР Гостивар, по преземени мерки и активности, во близина на Неготински мост, атар на село Врапчиште, гостиварско, се лишени од слобода Н.Д.(34) и Ш.Д.(50), двајцата од Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во употреба на наркотични
дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Додека Ш.Д. управувал патничко возило „пежо“, со гостиварски регистарски ознаки, во кое како сопатник бил Н.Д., од страна на полициски службеници бил даден знак за сопирање, но возилото не застанало и се оддалечило, а од него била исфрлена ќеса со кафеава прашкаста материја, која била пронајдена и одземена. Двете лица набрзо се приведени во ОВР Гостивар за понатамошна постапка. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен
соодветен поднесок.