Македонија
27. February 2025 - 13:07

Приведени двајца дилери од Битола, пронајдена дрога

На 26.02.2025 во 16.20 и 19.25 часот во Битола, полициските службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.М.(19) и К.И.(29) од Битола. При претрес во домот на Г.М., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Додека, при претрес во домот на К.И., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка со остатоци од марихуана и други предмети со остатоци од марихуана.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе следува соодветна пријава.