Приведени дваесетина лица во антитерористичката операција во парискиот регион
Во антитерористичката операција која се уште е во тек во Аржантеј во парискиот регион, која има две или три цели, на безбедносните сили по барање на обвинителството, биле приведени дваесетина лица, објави весникот „Паризиен“. "Овие интервенции во моментов не се поврзани со нападот во Ница", пренесува дописникот на МИА од Париз..
Операциите имаа за цел проверка на информациите дојдени од анонимни извори за подготовка на насилнички план, изјави полициски извор.
- Не се пронајдени ниту експлозиви, ниту оружје, рече пратеникот од овој град од редовите на социјалистите Филип Дусе.
Првата акција и претреси беа на авенијата Парк во населба Вал Нотр Дам додека втората интервенција се одвива во квартот Вал Суд, на авенијата Морис Утрило.
Попладнево Францускиот парламент-Сенатот и Националното собрание ја продлжија вонредната состојба во Франција на уште шест месеци, односно до почетокот на 2017 година.
Ново на Сител
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците