Македонија
15. January 2022 - 16:11

Приведени државјани на Албанија - пронајдена марихуана во возилото со кое се превезувале

Синоќа во 20.40 часот во ОВР-Кичево приведени се Н.Х.(27) и Д.Е.(25) двајцата од Драч, државјани на Република Албанија.

– При преглед на ПМВ марка „Ауди“ со албански национални ознаки, со кое гореспоменатите се превезувале, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана.

Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава-информира портпаролот Стефан Димоски и нагласи дека синоќа во 23,40 часот на улица“ Гоце Делчев“ во Кичево, полициските службеници го приведоа А.П.(27) од Кичево, кај кого пронајдоа и дозедоа 507 пиротехнички средства.

Против ова лице ќе биде поднесена соодветна пријава, додаде Димоски.