Приведени „диви тркачи“ од скопските улици
Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна бебзедност во координација со Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 10/11.07.2020 во времето од 19,00 до 03,00 часотспроведе акциска контрола за откривање на возачи на мотори кои организираат “диви трки“ на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се осум возачи на мотори кај кои се констатирани низа прекршоци. Од нив тројца моторциклисти биле приведени во Полициската станица Карпош, а еден во Полициската станица Кисела Вода поради правење на бучавост над дозволената со нивното движење на моторциклите и поради неносење соодветна документација за истите. Исто така и четири моторцикли ќе бидат однесени на технички преглед за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација