Македонија
14. August 2019 - 10:55

Приведени четворица дилери во Тетово, двајца од нив се малолетни

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово вчера околу 22 часот и 45 минути на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово, ги лишиле од слобода 25-годишниот тетовец А.Ј. и 20-годишниот К.Ш. од тетовско Селце, како и двајца малолетници од Тетово на возраст од 16 и 17 години.

При нивен и преглед на две возила „Сеат ибица“ со тетовски регистарски таблици и „Опел корса“, исто така, со тетовски таблици, пронајдена е марихуана.

Лишен од  слобода и во Полициската станица Тетово задржан е и 23-годишниот А.Ј. од Тетово, кој ги спречувал полициските службеници во вршење на службените дејствија околу лишување на четирите лица.

По документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.