Македонија
1. October 2020 - 12:35

Приведени четири лица во Тетово, еден од нив по пријава за обљуба на малолетничка

Тетовската полиција во изминатите 24 часа приведе четири лица по разни основи, од кои еден по пријава за обљуба.

-Вчера 30 септември во СВР Тетово мајка пријавила дека пред околу шест месеци над нејзината малолетна ќерка била извршена обљуба од Б.Р. (25) од Тетово. Пријавениот е лишен од слобода и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, соопштија од СВР Тетово.

Полицајци ноќеска околу 1 часот, на улица „Илинденска“, во близина на угостителски објект во Тетово, ги привеле тетовците А.А. (26), Н.С. (19) и Б.М. (18).

-Тие го нарушиле јавниот ред и мир, додека Б.М. оштетил и стакло на влезна врата од зграда во Блок 87 во Тетово, потенцираат од тетовската полиција.

Неколку часа претходно вчера околу 20 часот и 50 минути, во близина на крстосницата на улиците „107“ и „Благоја Тоска“ во Тетово, приведен е Е.Н.(22) од Република Албанија, кој непријавено престојувал на подрачјето и кај кого биле пронајдени нож и метален боксирач.
Во текот на вчерашниот ден на улица „Маршал Тито“, во близина на тетовскиот Зелен пазар, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 38-годишниот Н.Б. од Тетово, кој неовластено ги снимал додека преземале службени дејствија.