Македонија
26. January 2022 - 11:29

Приведени четири лица од Скопје за шверц на стока и царинска измама

На 25.01.2022 во 15.00 часот на ул.„69“, во близина на Железничката станица Скопје, од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје биле лишени од слобода Џ.А.(43), А.Б.(32), Р.Р.(55) и Г.Б.(44), сите од Скопје, бидејќи кај нив била пронајдена поголема количина разновидни производи без соодветна документација.

Тие биле приведени поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.278-б од Кривичниот законик за „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“.

По целосното документирање на случајот против нив ќе следи соодветен поднесок.