Македонија
27. December 2017 - 16:21

Приведени 4 лица за убиството во Чаир

Полицијата денеска извршила претреси и привела уште четири лица за убиството на 24 годишниот Буирим Идризи  кој пред една недела беше застрелан на автобуска постојка на улицата Џон Кенеди во Чаир.

Дали меѓу приведените е и директниот извршител на убиствотот од полиција не откриваат.

Во претходната акција, ден по убиството, беа приведени три лица и беше пронајден автомобилот југо во кој биле убијците, но од полиција не посочија кој е директниот извршител на убиството.

Бурим Идризи беше убиен додека стоел на автобуска постојка кога меѓу него и непознатото лице дошло до жестока расправија во која напаѓачот извадил автоматска пушка и испукал цел шаржер во телото на момчето, а потоа избегал.