Приведени 13 лица на две домашни забави во Скопје
На 17.01.2021 во 02.45 часот, по претходно добиени сознанија дека во стан на ул.„Рајко Жинзифов“ во Скопје има гласна музика и не се почитуваат мерките за заштита од ковид-19, полициски службеници од СВР Скопје, врз основа на судска наредба, извршиле контрола во станот, сопственост на С.Г.(34) од Скопје. Притоа, во станот бил затекнат сопственикот и К.Д.(33), Ф.Т(25), С.С.(27), Е.Ј.(26), Е.Р.(35), Р.М.(29), Т.Т.(26).
Во истиот период, во координација со Јавен обвинител, од страна на Единицата за внатрешни работи Центар и интервентната полиција, во стан на ул.„Елисие Поповски Марко“ биле затекнати пет лица кои правеле забава, и тоа К.З.(20), Б.Л.(20), Р.А.(20), С.К.(21), сите од Скопје и В.П.(20) од Битола.
Сите 13 лица биле лишени од слобода и приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација