Македонија
3. February 2021 - 16:43

Приведена жена од Прилеп барана со потерница

 Полициски службеници утрово привеле жена од Прилеп барана со потерница од Казнено поправната установа „Затвор Идризово” во Скопје.

– Утрово во 05:45 часот на улица „Беровска“ во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп ја приведоа Ј.Ш.(30) од Прилеп, за која била распишана потерница од Казнено поправната установа „Затвор Идризово” во Скопје. Лицето било во бегство и истата се барало за доиздржување на казна затвор во времетраење од две години и четири месеци, соопшти денеска МВР.

Посочуваат дека Ј.Ш. ќе биде предадена во „Затвор Идризово“.