Македонија
25. January 2022 - 15:21

Приведена скопјанка (69) барана по централна потерница

Денеска (25.01.2022) во 14.00 часот од полициски службеници од Оперативен тим потраги на бул.„Илинден“ била лишена од слобода О.Ј.(69) од Скопје.

Како што информираат од МВР за неа била распишана централна потерница, по наредба од Основен суд Скопје 1 за издржување на казна затвор од една година во врска со сторено кривично дело по чл.300 од Кривичниот законик. О.Ј. била приведена во полициска станица по што ќе биде спроведена во казнено-поправна установа за издржување на казната.