Македонија
20. јуни 2021 - 12:39

Приведена Австралијанка поради пречекорување на дозволениот туристички престој во државата

 На граничниот премин „Меѓународен аеродром“ во Скопје од полициски службеници ноќеска е приведена Н.Д.(29) од Австралија.

Како што информираат од МВР, по извршена пасошка контрола и проверка во службените евиденции било констатирано дека Н.Д. го има пречекорено дозволениот туристички престој во Република Македонија.

-Лицето е предадено на полициски службеници од Одделението за странци и реадмисија – Скопје за понатамошна постапка, се наведува во соопштението на МВР.