Македонија
25. November 2021 - 11:14

Приведена 32-годишна скопјанка барана по потерница за извршена кражба

Вчера во 15.00 часот во с.Катланово, скопско,  полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода С.М.(32) од с.Пакошево, општина Зелениково, соопшти МВР.

Таа била барана со потерница од Основниот суд Скопје-1 за издржување на казна затвор за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.

С.М. била спроведена во Казнено – поправната установа Идризово за издржување на казната