Македонија
24. May 2021 - 19:37

Приведен велешанец осомничен дека силувал 15-годишно девојче

На 23.05.2021 во 22.15 часот во Велес од полициски службеници од СВР Велес бил лишен од слобода Р.Ј.(58) од Велес постапувајќи по претходна пријава од 15-годишна велешанка.

Таа пријавила дека околу 17:30 часот во Велес извршил обљуба врз истата.

Известен е Јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.