Балкан
11. May 2016 - 12:59

Приведен убиецот на Јелена

Осомичениот за убиството на Јелена Марјановиќ  денеска е приведен на гробиштата за време на одбележувањето на 40-дневниот помен на убиената пејачка. 

Најпрово присутните на гробиштата се збуниле кога ги виделе инспекторите, а потоа следело апсењето кое уште повеќе ги шокираше присутните. 

- Јелена и јас бевме добри пријатели, тешко е кога ќе изгубиш некого  на таков начин,  ова го изјавил приведениот за српски Ало. 

Мажот кој е приведен прв дошол на поменот. Имал  на себе бел дрес и црн шал. 

Најблиските  на пејачката го пријавиле овој човек по завршувањето на поменот, бидејќи не го познавале ни семејството Марјановиќ ни Крсмановиќ. Семејството чекало да заврши опелото. па ја повикале полиција која пристигнала веднаш и го привела непознатиот маж.