Македонија
6. August 2019 - 10:13

Приведен турски државјанин на скопскиот аеродром

Вчера во 08,10 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, на излез од Р.С. Македонија, приведен бил C.M.(44) од Турција, кој покажал австриска патна исправа.

По извршениот разговор и увид во патната исправа полицискиот службеник се посомневал во исправноста на документот, односно био страната не била оргинален образец, туку бланко образец со вметнати податоци, а на една од страниците имало два фалсификувани kосовски влезен и излезен штембил и еден мкд влезен штембил.

При извршен преглед кај истиот биле пронајдени и фалсификувана австриска лична карта.

Лицето било предадено на полициски службеници од РЦ за ГР-Север за понатамошна постапка.