Македонија
20. December 2020 - 12:02

Приведен струмичанец со фалсификувана германска возачка дозвола

Вчера околу 21.00 часот на крстосницата од бул.„Гоце Делчев'' со бул.„Маршал Тито'' во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода  И.Д.(46) од Струмица, затоа што при контрола на неговото патничко возило „фолксваген пасат“ на увид приложил германска возачка дозвола, за која постои сомнение дека е фалсификат, информираат од МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.