Македонија
21. September 2019 - 11:51

Приведен старец од Чаир (70) еве што пронајде полицијата во неговиот дом

Вчера во Полициската станица Бит Пазар бил приведен Н.З.(70) од Скопје.

При претрес во неговиот дом на ул.„196“ во Чаир, извршена со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле пиштол непозната марка и една рамка со осум куршуми непозната марка и калибар.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.