Балкан
16. January 2022 - 19:27

Приведен српски политичар, искрши гласачка кутија на рефередумското гласање | ВИДЕО

Поранешниот член на српското десничарско движење Двери, Срѓан Ного, откако гласаше денеска на референдумот во Србија ја искрши гласачката кутија.

Српската полиција потврди дека тој е приведен и одредено му е задржување од 48 часа. На социјалните мрежи се споделува снимка на која се гледа како Ного на своето избирачко место го уфрла гласачкото ливче, а потоа ја зема гласачката кутија и ја фрла на подот.

Се работи за автентична снимка и тоа го потврди Првото основно обвинителство. Тој е во притвор и одредено се сомничи за кривично дело по членот 159, односно „спречување на одржување на гласањето“.

Во Србија денеска се одржува референдум за уставни промени во сферата на правосудството. Според информациите од медиумите, до 13 часот гласале 12 отсто од граѓаните на Србија.

Поранешниот член на српското десничарско движење Двери Срѓан Ного, гласаше денеска на референдумот во Србија и ја искрши гласачката кутија. Српската полиција потврди дека тој е приведен и одредено му е задржување од 48 часа. На социјалните мрежи се споделува снимка на која се гледа како Ного на своето избирачко место го уфрла гласачкото ливче, а потоа ја зема гласачката кутија и ја фрла на подот. Се работи за автентична снимка и тоа го потврди Првото основно обвинителство. Тој е во притвор и одредено се сомничи за кривично дело по членот 159, односно „спречување на одржување на гласањето“. Во Србија денеска се одржува референдум за уставни промени во сферата на правосудството. Според информациите од медиумите, до 13 часот гласале 12 отсто од граѓаните на Србија.