Македонија
8. January 2021 - 11:04

Приведен сопственик на угостителски објект - затекнати 20 гости по дозволеното работно време

На 07.01.2021 околу 21.00 часот во село Градец, гостиварско, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Б.А.(35) од село Градец, сопственик на угостителски објект кој работел по дозволеното време и во кој престојувале 20 гости.

Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосното документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.