Македонија
19. December 2020 - 13:03

Приведен сопственик на угостителски објект во Петровец

Во рамки на новите одлуки за промена на работното време на угостителските објекти, во текот на вчерашниот ден извршени се контроли во 257 угостителски објекти, при што е констатирано непочитување на работното време во еден угостителски објект на подрачјето на Петровец, согласно последната Одлука на Владата, со која работното време се ограничува на 18:00 часот.

Со ова, соопштија денеска од МВР, одговорното лице на угостителскиот објект М.З., од село Петровец сторил кривично дело по чл.206 од Кривичниот законик. Од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот е затворен, М.З. е приведен во Полициска станица Гази Баба и известен е Јавен обвинител од ОЈО Скопје.