Македонија
7. March 2021 - 11:41

Приведен сопственик на угостителски објект во Гостивар, работел по дозволеното време

На 06.03.2021 во 21.35 часот полициски службеници од Полициска станица Гостивар во содејство со Државен пазарен инспекторат при извршена контрола на угостителски објект на ул. Балиндолска во Гостивар, сопственост на М.Н.(55) од Гостивар констатирале дека објектот работел по дозволеното работно време, односно не се придржувал до пропишаното работно време при што во објектот имало присутни гости.

Објектот од страна на Државен пазарен инспекторат е затворен, а сопственикот М.Н. е лишен од слобода. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.