Приведен скопјанец поради недозволена трговија со оружје и дрога
На 18.09.2020 полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ј., на кој СВР Скопје - Единица за недозволена трговија, поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“,казниви по чл. 396 и 215 од Кривичниот законик.
На 01.05.2020 од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија во содејство со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и Единицата за интервентна полиција, по претходно добиена судска наредба, извршен е претрес на дом и други простории кај Б.З. и во пошироката околина помеѓу ул.„Алпи“ и ул.„Коце Металец“, при што биле пронајдени: автоматско огнено оружје со навој на пригушувач, две рамки со 34 куршуми кал.7,65 мм и пригушувач, две автоматски пушки, полуавтоматска пушка „Берета“ со празна рамка и рамка за автоматска пушка со 18 куршуми, автоматско огнено оружје со навој за пригушувач, пригушувач и рамка со 20 куршуми, како и пет пакувања со 2382 грама хероин.
Ново на Сител
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64
-
МВР: Регистрирани пет нови инциденти при гласање ширум државата
-
Оваа година поголем одзив до 15 часот во споредба со 2019
-
Излезеноста во Куманово до 15 часот 33 проценти, во Липково 25, во Старо Нагоричане 35
-
Излезеноста на изборите до 15 часот во Дебар 22, во Центар Жупа 13,11 отсто
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто