Македонија
4. August 2021 - 16:06

Приведен скопјанец баран со потерница за издржување затворска казна

На 04.08.2021 во 14.05 часот на ул.„Христо Татарчев" во Скопје, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода-Отсек Потраги, врз основа на распишана централна потерница, го лишиле од слобода Б.С.(41) од Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 297 од Кривичниот законик.
Лице било предадено во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.