Македонија
4. February 2021 - 19:45

Приведен скопјанец баран со потерница

Денеска (04.02.2021) во 11:10 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка, отсек за потрага го приведоа М.К.(47) кој се барал со потерница, за издржување казна затвор по член 235 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија во времетраење од една година. Лицето ќе биде предадено во казнено поправна установа.