Македонија
25. September 2021 - 10:42

Приведен скопјанец баран по потерница за издржување затворска казна

Ноќва (25.09.2021) во 00.10 часот на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје, врз основа на потерница од Основен кривичен суд, го лишиле од слобода Ш.Д.(38) од Скопје за издржување затворска казна, соопштија од МВР.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.