Приведен па ослободен албански новинар за објавување информација битна од истрагата за италијанскиот авион
Обвинителството за тешки кривични дела, по тричасовен распит, го ослободи новинарот Артан Хоџа, кој беше приведен поради објавување тајна информација од истрагата за принудно слетаниот италијански авион.
По излегувањето од Обвинителството, во три часот по полноќ, новинарот Хоџа изјави дека бил распрашуван за изворот на информацијата и оти му биле задржани двата негови мобилни телефона.
Обвинтелството за тешки кривични дела смета дека новинарот, со објавената информација, попречил во истрагата која е во тек, против италијанскиот пилот Гуидо Андреа Гуиџи, чиј авион „пајпер“ вчера принудно слета во близина на Драч.
Инаку, Артан Хоџа беше приведен по емисијата „Опинион“ на тема „Авионите со дрога“, каде изјави дека пилотот признал оти дошол во Албанија заради трговија со дрога.
- Пилотот во Обвинителството признал дека дошол во Албанија за да провери дали функционира пистата во Ишен (кај Драч) и по враќањето во Италија ќе транспортирал 200 килограми марихуана со авион, изјави Хоџа, кој обезбедил и видео запис за тоа.
Токму оваа негова изјава е причина за неговото приведување заради изнесување тајни информации од истрагата.
Инаку, токму кај што слета авионот, според полицијата откриена е писта во должина од околу два километра, што наведува на фактот дека истата била користена и претходно.
Ново на Сител
-
Паднаа Фејсбук, Инстаграм,Месингер
-
Средба на министерот Тошковски со Симон Ридли, државен секретар за внатрешни работи на Обединетото Кралство
-
32-годишен скопјанец ги нападнал неговата мајка и баба
-
Тројца малолетници нападнале 60 годишник на автобуска во Гази Баба
-
ЕУ со нови санкции за Русија
-
Бунтовниците го укинаа полицискиот час во Дамаск
-
Царинска управа: Запленети накит, девизи, цигари, облека и автоделови
-
Костадиновски: Одлуката за подготвителна седница не е слабост, Судот ќе одлучува за иницијативите за Законот за јазиците најдоцна во мај