Приведен неготинчанец за поседување и продажба на дрога
Полицијата приведе неготинчанец со иницијали А.Т (41) и против него ќе поднесе кривична пријава за „недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстаници“ откако при претрес на неговиот дом и други простории пронајде различни видови дрога која ја продавал во повеќе градови низ државава.
Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, при претресот се пронајдени и одземени 1,5 килограми наркотична дрога марихуана, 20 таблети екстази, 36 шишиња метадон, како и околу 10 грама кокаин, околу 110 грама хероин, една дигитална вага и 36.000 денари, за кои постои сомнение дека потекнуваат од продажба на наркотична дрога.
Пријавениот А.Т наркотичната дрога ја продавал на лица -уживатели од подрачјата на Неготино, Кавадарци, Демир Капија, Валандово и Струмица.
А.Т. ќе биде предаден на надлежен судија за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-
Во Прилеп е отворен 21. „Пивофест“
-
Трамп изјави дека нова група заложници во Газа ќе биде ослободена
-
Мадуеке официјално од Челзи во Арсенал
-
АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавање
-
Повторно одложено враќањето на Барселона на „Камп Ноу“
-
Сончево и топло, со температури до 37 степени
-
ЦУК: Активни осум пожари, под контрола пет и 12 изгаснати
-
Изгаснат пожарот кај делчевско Стар Истевник, на границата со Бугарија