Приведен Милaн Радоичиќ
Српската полицијата соопшти дека денеска го привела Милан Радоичиќ, кој ја презеде одговорноста за нападот на косовската полиција во Бањска, кој беше извршен на 24 септември. Одреден му е 48-часовен притвор. Не се наведуваат други детали за што е обвинет Радочиќ. Полицијата истовремено извршила претрес во станот и другите простории сопственост на Радоичиќ.
Откако официјална Приштина го обвини за учество и организација на нападот на косовската полиција, Радоичиќ преку својот адвокат на 29 септрември призна дека го организирал и учествувал во нападот во селото Бањска, но за тоа не се консултирал со државните органи на Србија. Истиот ден, тој поднесе оставка од функцијата потпретседател на Српската листа, најголемата партија на косовските Срби, која има поддршка од Белград. Српскиот претседател во интервју за СИЕНЕН повтори дека сите кои во настаните во Бањска направиле кривично дело треба да одговораат. Рече и дека Србија не сака војна и нема да испрати воени сили на Косово.
Европскиот парламент одржа вонредна расправа за случувањата во Бањска во кои загинаа тројца косовски срби и еден косовски полицаец, а се очекува Резолуцијата за состојбата на односите помеѓу Белград и Приштина да биде усвоена на крајот на месецот.
Тајландската полиција уапси 14 годишно момче кое со пиштол денеска смртно застрела три лица во луксузен трговски центар во Банкок. Четири лица се повредени во инцидентот од кои еден е странски државјанин, соопшти полицијата. Се уште не е позната причината за пукањето.
Пјер Агостини, Ференц Краус и Ан Л'Улие се лауреатите на престижната Нобелова награда за физика, за експерименти кои на човештвото му понудија нови алатки за истражување на светот на електроните во атомите и молекулите обајви шведската кралска академја на науките. Станува збор за методи кои генерираат атосекундни импулси на светлина, што можат да се користат за мерење на брзите процеси во кои што електроните се движат или менуваат енергија, соопшти академијата.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар