Приведен маж поради физички напад врз сопругата за време на полициски час во Кичево
Во полициската станица Кичево вчера околу 23:45 часот е приведен 37-годишниот Б.С. од Кичево, поради физички напад врз неговата сопруга. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
За време на поливискиот час на подрачјето на ОВР- Кичево, едно лице не ја почитувало забраната за движење. Тоа лице е приведено и против него ќе биде поднесена пријава според членот 206 „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
– Во истиот период, полициските службеници констатирале 14 прекршоци за неносење лична заштита на лицето, за што издадени им се прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид – 19, информира портпаролот Стефан Димоски.
На подрачјето на ОВР Кичево, моментно во изолација се 21 лице, додека пак во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 16 лица.
– Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 49 контроли врз угостителски и објекти, објасни Димоски
Ново на Сител
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти