Македонија
13. January 2021 - 15:44

Приведен малолетник од Штип - физички нападнал и ограбил жена

На 13.01.01.2021 во 12.30 часот по преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица Штип  го лишиле од слобода М.З.(17) од Штип, затоа што околу 11.50 часот на ул.„Сутјеска“ пред влезот на градскиот пазар во Штип, физички ја нападнал З.М.(65) од Штип и насилно и го одзел паричникот во кој имало пари и лични документи.

Полициски службеници го одзеле украдениот паричник и истиот со парите и лични документи го вратиле на оштетената З.М.

Се работи на комплетирање на случајот, по што против М.З. ќе биде поднесена кривична пријава.